Совети за пролетно излегување на риболов
Ова е време од годината кога можностите за риболов почнуваат да се отвораат. Секако, рибата сеуште не е реално активна , но убаво е да се биде надвор, особено во сончев ден, ова време на годината. Сепак, многу повеќе е забавно ако и рибата гризе.. Еве некои начини на кои може да се добие повеќе удари од риба во овој период од годината:
На пролет најдобро време да оди на
риболов е секогаш кога ќе можете да отидете. Сепак, ако можете да го
планирате вашето време за риболов , попладне е најдоброто време за овој
период од годината. Рибата во ова време најдобро гризе кога водата е
најтопла, а водата ќе биде најтопла во попладневните часови.
Почнете
на помали водени површини. Езерцата и поголемите бари се загреваат
побрзо, па рибата ќе биде поактивена таму. Ако за избор имате само
некоја поголема водена површина , тогаш обидете се да најдете некои мали
заливи или канали. Овие области обично побргу се загреваат и веројатно
таму ќе има поагресивни риби.
Не се ограничувајте со ловење еден
вид на риба. Да фатите било каква риба е добро во ова време од
годината. Повеќето риболовци само сакаат нешто да се повлече. Ако немате
никаков удар пробајте да ловите граблива риба на пример штука. Таа
обично тргнува во потрага по храна порано од другите видови..
Вие
секако ќе имате убав ден на вода ова време без разлика дали ќе фатите
нешто или не. Понекогаш риби се бонус. Сепак, може ќе полесно ќе
дојдете до тој бонус ако ги имате горенаведените идеи на ум кога че
одите на риболов во наредните неколку недели.