Избор на мамци и позиција за лов на крап во пролет

Пролетта е годишно време кога рибата почнува да се враќа на своите навики во однесувањето и исхраната.  Крапот не е топлокрвно животно и неговата активност зависи од температурата на водата, а во помала мерка и од длабочината на продор на сончевите зраци во водата. За време на зимата крапот може да биде сокриен во некое место во полузаспана состојба, па може да се случи кога ќе го фатите на пролет на себе да има пијавици. Тоа често се случува на почетокот на пролетта, но мое да се случи и подоцна. Тоа е природна појава и крапот ќе се откачи од нив со скокање од водата или едноставно при хранење. Ако фатите крап со пијавици на себе, а планирате да го пуштите, не ги тргајте пијавиците ако немате некој антисептик со вас. Ако го направите тоа без антисептик ќе оставите отворени рани на рибата кои подоцна можат да се инфицираат.
Кога рибите ќе почнат да се будат истото се случува и со останатиот жив свет во водата. Најјасен сигнал за тоа е растот на трева во некои води. Ако езерото на кое ловите спаѓа во таа категорија тогаш се поставува прашањето каде да се лови?
Дали да ловам во тревата или на чисти зони ?
На растенијата во водата има многу природна храна како на пример бубачки. полжавчиња, ракчиња и друго...додека во чистите зони рибата се храни со крвни црви од дното на езерото. Во суштина моѓжете да постичнете успех и во двете зони, но ако имате дилема еве некои фактори кои треба да ги земете во предвид:
1.    Дали некој ловел на тоа место претходно и со какви резултати ?
2.    Какви се шансите да ја извлечете рибата или постои можност да ја изгубите при влечењето?  Обидете се да ловите на места кои овозможуваат да имате директен контакт со рибата.
3.    Дали сте виделе дека рибите се хранат во таа област или барем некакво движење во водата?
Ако имате премногу дилеми каде да ловите зафрлете ги стаповите во различни зони и подоцна прилагодете ги по потреба.

Лов во чисти зони
Без сомнеж, чистите зони во води каде што има трева даваат извонреедни можности за презентација на риболовецот и во тие ситуации треба максимално да се трудиме мамецот да изгледа што поприродно. Ваш прв избор треба да бидат мамците кои лежат на дното. Ако дното не е потполно чисто (на пример ако има лисје) тогаш треба да се користи  пливачки предвез и поп-ап презентација (5см) колку да го држиме мамецот надвор од она што е проблематично на дното.

Лов во тревнати зони
Ако е видливо дека рибата се храни во тревата, тогаш би требало да ловите таму. Извонреден пристап во такви ситуации, кога треба мамецот да се презентира над тревата, е пливачки предвез комбиниран со балансиран мамец или поп-ап. Кога ловите така, мора да бидете сигурни дека должината на предвезот е поголема од висината на тревата.

Мамци за пролет
Мамците секогаш се тешко поглавје затоа што скоро сите риболовци имаат различно мислење околу тоа прашање. Затоа спорад нас високопротенски мамци на база на млечни протеини се користат во текот на зимата. Штом температурата почне да расте тие се менуваат во високоенергетски на пример на база на птичја храна. Ако сте во стадиум на риболовната кариера кога веќе сами правите прихрана тогаш имајте го во предвид следнов:  Наше мислење е дека мамците на база на птичја храна имаат предност кога е во прашање пролетен риболов затоа што имаат одлично можности за ароми, структура па и боја. Подоцна во сезоната не обрнуваме толку внимание на бојата,. Од наше искуство дојдовме до заклучок дека зимно време и во рана пролет повеќе успех имаат мамци со посветли и повесели бои. Нив рибата полесно визуелни ги забележува. Наш избор е најчесто жолта боја.

А и да не правите сами свои мамци, не се грижете премногу. На пазарот има одлични готови мамци од сите бои и бази.