Лизгачки систем спречува Откачување на крапот

 

23 септември 2009, 18:20  

Нема да згрешиме ако кажеме дека денес помеѓу краполовците најпопуларни се таканаречените „анти-плукачки " системи. Главна нивна карактеристика е стапување во акција во текот на исплукувањето на бојлата притоа не чекајќи го моментот на затегнување на системот.
Голата јадица треба да го боцне крапот за време на неговиот обид за исфрлање и така да спречи целиот систем да се најде надвор од неговата уста. Колку овие системи се навистина ефикасни ќе зборуваме во друга прилика сега ќе се концентрираме на начинот на монтирање на еден ваков систем.

За почеток потребно е да се одбере долговрата јадица со карактеристично свиткан врат. Во овој случај изборот падна на фоксова јадица од серија 5. Металниот прстен е исто така неопходен дел од оваа монтажа. Почнуваме така што парче предвез врзуваме за металниот престен со обичен чвор и го отсекуваме вишокот.

ака врзаниот прстен го навлекуваме на вратот на јадицата се додека не дојдеме паралелно на нејзиниот врв.  Со едната рака го фиксираме прстенот на саканото место, а со другата го врзуваме на сите нас познатиот „чвор без чвор" како на сликата.

За монтирање на бојлата како на сликата користиме конец за врзување бојли или обичен конец за заби. Намонтираната бојла ја врзуваме за прстенот со помош на неколку чворови. Овде добро внимавајте затоа што тој малечок чвор треба да ја издржи силината на вашиот замав

На крајот нашиот систем е скоро готов. Ни треба уште вирбла на другиот крај на системот и готово. Предвезот е спремен за употреба. Целиот систем треба да работи на тој начин што бојлата на прстенот треба да се слизне низ вратот на јадицата во моментот кога крапот се обидува да го исплука системот и да го боцне. Крап фатен со помош на овој систем е доказ дека тој функионира, а дали е подобар од другите ќе ви оставиме да одлучите вие.