Повеќето
луѓе во нашите краишта се навикнати да ловат крап на пченка или на
„корка". Но сепак иако користењето на спомнатите мамци може да биде
доста успешно сепак не е на одмет да се знае и следново:
Крапот
пролетно време бара месо. Како што времето се стоплува тој почнува да
гризе на овошни ароми, односно да гризе на она што моментално е зрело во
природата. Кога ќе дојде есен тој повторно најдобро гризе на месо.
Живи мамци
- Глисти (калифорниски) – пролет и есен
- Глисти бели – пролет, есен, зима или при висок водостој на реките
- Ружа од црви – лето, наутро
Леб
- Кора 2х2 сантиметри (долна кора)
- Ружа од леб (снегулка) со пречник 3-5 см – на тапа, езера, близу до брегот или во плиткото.
Бојли
- Пречник 16-18мм, арома на месо (пролет и есен), арома на овошје (лето)
- Поп-ап Бојли
- Пченка млада, директно на јадица 2-3 зрна
- Пченка (цук, шеќерец) 2-3 зрна на конец
- Варена пченка, директно на јадица или на конец 5-10 зрна.