Пченката како мамец во крапскиот риболов

  

 

 

         Пченката до неодамна беше најзастапениот мамец за ловење крап, но денес неоправдано се изоставува заради наездата на нови и модерни мамци како што се бојлите. Како мамец пченката е одноставна за спремање и за користење и исто така е многу ефикасна.  

Значи, одредена коичина на пченка ставаме во вода да омекне околу 24 часа внимавајќи цело време пченката да биде прелиена со вода. Откако ќе  омекне ја ставаме да се свари со додавање на ванилин или обичен шеќер.
Сварената пченка може да ја збогатиме со мириси, адитиви и бои. Исто така може и да ја смрзнеме за подоцнежна употреба. Освен за риболов, пченката е одлична и за прихрана пред се затоа што е ефтина и едноставна за припрема.

Еден од начините за спремање на пченката како мамец е таканаречената ЛЕДОЛИНА.

Ставете зрно пченка на јадица на предвезот и ставете ја во чаша од јогурт. Наполнете ја чашата со пченка скоро до врв. Потоа дополнете ја чашата со вода.  Ставете да се смрзне и мамецот е готов. На местото кое сте го одбрале за риболов едноставно извадете го мамецот од чашата, закачете го предвезот и фрлете каде што мислите да ловите. На овој начин се прихранува рибата точно на местото каде што ви е јадицата.

Освен пченката за примама на рибата може да користите и смеси спремени од различни брашна.На пазарот постојат готови мешавини спремни за употреба но може и сами да ги направите и да ги прилагодите на типот на водата, видот на дното и останатите специфични услови на рибарење. Еве едноставен рецепт кој дава добри резултати во повеќето ситуации:


-    3 дози на лебни трошки (измешано кора и средина на лебот)
-    2 дози на пченкарно брашно
-    1 доза смеса за пире
-    1 доза костеново брашно
-    1 доза смелени кикирики
-    1 доза варена пченка

Ако дното е солидно, потребно е да се додаде 3 дози обична земја, а ако ловите на река со јаки струи потребно е да се додаде и 1 доза глина.