Прихрана како неизоставен дел од риболовот
  

 

 

             Општо е познато дека рибите, благодарејќи на нивните чувствителни органски сензори, се во состојба да почувствуваат и најмала дразба на сетилото за вкус..Тие се способно многу брзо да го откријат и најситното парче храна. Кога ова го знаеме лесно е да одговориме на прашањето: Зошто служи прихраната?Одговорот е многу едноставен: Да ги привлече рибите делувајќи на нивните изострени сетила.За таа цел се користат производи како разни видови на презла, брашно и гриз, како и послаби и појаки ароми. Сепак, не е доволно само да се фрли стотина грама прихрана за рибата да гризе. Припремата на храна за прихрана треба да биде прилагодена на моменталната температура на водата, јачината на речниот тек (кога ловиме на река) и навиките на рибите. Во проточна вода мирисите и аромите многу брзо и лесно се шират кон средината на реката.Во мирна вода процесите се одвиваат поспоро и затоа потребно е да се примени храна со поголема примамна моќ. Во постудени води, кога активноста на поголемиот број видови риба е намалена неопходно е да се користи смеса со нагласен вкус која би го разбудила апетитот на рибата. Во летниот период прихраната треба да биде полесна за да не се презасити рибата.Некои видови на риба имаат развиено склоност кон одредени состојки на прихраната. На пример карасот сака леб со ѓумбир, мрената лакомо голта сирење, додека црвеноперката не може да одолее на аромата која се шири од зрнест коноп.


 Рецепт за зима - 40% 3000 КАНАЛ Сенсас, 40% НОИР Сенсас и 1/4 шишенце Аромикс гардон (наменет за црвеноперките). Овој состав одговара на риболов на канал со додавање на некој сладок адитив со пријатен мирис. Може да се замени со Вормикс.Изборот на боја за примамување зависи од повеќе фактори: состојбата на водата, метеоролошките влијанија, годишното време, навиките на рибите и природата на дното.
Дејство на прихраната на сетилото за вид.

Активноста и острината на видот кај рибите зависи од типот на рибата. Дури и ако навистина не знаеме како рибите гледаат, сигурно е дека бојата на прихраната е од големо значење. Значи, која боја треба да ви биде смесата за прихрана? Тоа зависи од природата на рибата и дното, но треба да се има на памет дека боите немаат толкава значајна улога колку што имаат контрастите.
Неколку општи совети:
-    Кај песочното дно доминираат светлите нијанси, па поради тоа во интерес на рибарот е прихраната да биде што потемна за да ја привлече рибата.
-    На темно дно рибата ќе биде привлечена од храна со посветли тонови. Жолта и црвена боја, па може дури и флуоросцентни, полесно се воочуваат.
-    Бојата на прихраната зависи и од бојата на водата. Јасно е дека во матна вода облак од бело кафе ќе помине незабележан. Производите кои ослободуваат боја во вид на облак, како и производите кои оставаат видливи траги се многу ефикасни: се гледаат подалеку и симулираат јато на риби кои грабаат храна. Дејствува на нивниот инстинкт за заедништво, карактеристичен за белата риба, која е секогаш во јата, во постојана потрага по храна.
Рецепт за многу матни води – 4/9 презла од бел леб, 2/9 ПВ1, 1/9 мелени кикирики, 1/9 гриз од пченка и 1/9 мелено ленено семе.На ваквата смеса додајте малку земја за да додадете тежина и црвена боја во прав кој во водата ќе остави трага.
                      Почетна прихрана: почетната прихрана, која обилна, подразбира фрлање на 10 до 15 поголеми топчиња храна на местото кое сме го одбрале за ловење. Овој вид на прихрана најчесто се користи кога ловиме на големи далечини, воглавно во потрага по крупни примероци на бела риба. Совршено е применлив за сите водени текови, бавни текови, канали, бари и езера. Обилната прихрана подеднакво се советува и за лов на големи крапови и караси.
                      Прихрана за повик: Овој вид на прихрана се состои од тоа што во правилни размери се исфрла мала количина храна. Оваа техника, неопходна за лов на белвица и останати ситни риби, е многу применлива за риби кои живеат во брзи и длабоки реки. Ефикасна е и за бари со помали длабочини, а се препорачува кога се лови со болоњез техника.
                        Прихрана со чисти мамци: Овде традиционалната храна е заменета со чисти мамци од растително или животинско потекло. Фрлањето на прихрана која се состои од живи мамци се врши рачно, со прачка, или со помош на чашичка прицврстена на врвот на стапот. Количината која ја фрламе е минимална, но во редовни интервали. Овој начин на примамување одговара на риболов на мирни и плитки води и посебно за одредени видови риба како што се кленот и мрената.

                     Прихраната подготвена во домашни услови долго време била неоправдано држена во тајност и станала легенда. Вистината е дека овде нема многу мистика, а за сами да си припремите добра смеса, доволно е да ги знаете карактеристиките на одредени производи, нивното примамно дејство и начинот на кој влијаат врз сетилата на рибата. Останува на вас да проверите различни комбинации и на крај да дојдете до онаа вистинската.