Категоријата на живи мамци вклучува мали рипчиња, штурци, скакулци, пијавици, црви, ларви, глисти други мамци . Во продолжение ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат при ловењето со живи мамци.
-
Чувството за мирис кај рибите – Многу луѓе не знаат дека
рибите се многу чувствителни на мирис. Ако правите нешто што ќе ви ги
замириса рацете, на пример ако пушите, тоа ќе влијае врз вашиот улов.
Користете бришачи за раце, или барем истријте ги рацете со малку трева
за да ги отстраните било каквите неприродни миризби. Можеби ви звучи
чудно, но навистина ќе ви помогне.
- Природен изглед
– Кога ловите риба со жив мамец, главниот клуч е природниот изглед.
Вашиот мамец треба да изгледа што е можно поприродно во водата. Ако
вашиот мамец нема приорден изглед каков што рибата вообичаено го гледа и
е навикната да го јаде како таков, тогаш уловоот нема да ви биде
успешен.
- Транспорт на живиот мамец – Постојат
повеќе начини за тоа како да го носите мамецот, па за мамците како мали
риби, пијавици и други водени живи мамци најдобро е да носите кофичка
за мали риби. Ако одите на подолг риболов, ќе треба почесто да ја
менувате водата во кофичката. Запомнете, најважно е мамците да останат
живи! Мртвите мамци не се толку атрактивни. За дождовните глисти, црвите
и ларвите би ви препорачале торбичка за мамци во која ќе можете да ги
носите на себе цело време за да нема потреба секогаш кога ќе го менувате
мамецот да одите до кутивчето..
- Големина на јадица
– Додека ловите со живи мамци, вашите јадици треба да бидат што е можно
помали. Запомнете, мамецот треба да изгледа природно и јадицата да биде
што помалку видлива.