Живеалиште и начин на ловење на црвеноперката
Просечна должина на возрасна единка е помеѓу 20 и 30 сантиметри, а капиталните примероци се со тежина преку половина килограм и со должина од 35 до 40 сантиметри.
|
Живее првенствено во поголеми езера, природни и вештачки, но и во помали води како бари и ископи. Црвеноперката најчесто може да се најде во близина на водените растенија како шаш и трска. Поретко излегува на отворена вода, а во текот на зимата се повлекува во јата во длабочините. Инсектите ги фаќа на површината на водата и тоа исклучиво преку ден. Понекогаш може да се приметат на површината на водата како оставаат мали бранчиња сечејќи ја водата со грбнота перка. Црвеноперката ја сака бистрата вода, исто како и штуката и таа воглавно се потпира на видот. Нејзино омилено место за живеење е во води полни со растенија, а најмногу ја има во полиња со шаш и трска кои по правило нудат обилна разновидна храна, пред се ситни животни.
|
Црвеноперката е летна риба. После мрестот од април до јуни добро е лови се до есента.
|
На риболов на црвеноперка се оди со тапа. најпогодни се мамци кои споро тонат или оние кои остануваат на површината. Меѓу останатите такви се лебот и црвите. После зафрлањето тапата на површината на водата мора брзо да се исправи затоа што често се случува црвеноперката да го зграби мамецот уште во фазата на тонење. Обично се користи конец 0.20 мм на риболовен стап од 3-4 метри. Одговара јадичка со величина 14 и помали во зависност од мамецот.
|
Се подразбира дека потхранувањето на рибата секогаш се исплати. Парчиња препечен или стар леб ја привлекуваат црвеноперката, понекогаш и кога ветерот дува од брегот кон отворена вода. Топчињата храна кои се фрлаат на дното треба да содржат делчиња кои после растопувањето на топката ќе почнат да се пливаат кон површинатѕа. Мешавината треба да биде со таков состав кој ќе овозможи брзо растопување во водата. Проверен, класичен начин на примама птретставува фиксирање на стар леб во мрежа на дното на езерото.
Црвеноперките се упорни и цврсти борци па затоа закачената риба треба бргу да се издвои од јатото за останатите риби да не се вознемират и разбегаат. Капиталните примероци најчесто се наоѓаат во средината на јатото или под него. Црвеноперките спаѓаат во малубројните риби кои можат успешно да се ловат на мушичка доколку се забележат малите бранчиња кои ѓи прави со грбната перка. Тоа е знак дека црвеноперките се во потрага по инсекти на површината на водата.
|