Стрежево

2009-2010 година

 

                                               

 

 

 

Сo крап и црвеноперка се пориби акумулацијата Стрежево

 

 

 


   Сабота 27, февруари 2010 година
    Извор:Тера


 
    




 

Законската обрвска на Јавното претпријатие Стрежево, се реализира, се пориби езерото Стрежево.

„ Се фрлија некаде околу 200 кг крап и Црвеноперка ."- вели Љупчо Бошевски дирекотр на ЈП Стрежево.

Од риболовсното друштво Црна река велат дека акцијата е согласно програмата за 2009/2010 но со мало задоцнување зошто минатата година немало од каде да се купи риба, годинава истата ја набавија од Институтот во Скопје.

„ Порибуваме во акумулацијата но и на река Црна,"- вели Димитар Михајловски претседател на Црна Река.

Денеска се запалија и 10км запленета мрежа од криволовците или 200 парчиња рибарски мрежи.

„ ЈП Стрежево има организирана стражарска служба."- вели Љупчо Бошевски дирекотр на ЈП Стрежево.

Се очекуваат и други вакви акции во иднина.